Улиците на Париз и другите француски градови се инспирација и место за настанување на многу интересни дела на уметникот Оак Оак. Тој е познат по својот стил, а местото на создавање на неговите уметнички дела е случајно – онаму каде што наоѓа инспирација. Тоа се најчесто пукнатини или дупки на sидовите или улиците и слично.
Тој себеси се опишува како уличен уметник што сака забава и игра со урбани елементи. Она што го создава е креативно, забавно, духовито и едукативно. Го тематизира она што е важно, а како пример за тоа се климатските промени.
Ја има објавено книгата „ОакОак, ајде да си играме“, која содржи повеќе од стотина фотографии од неговите дела. Книгата е објавена на три јазици и содржи некои од неговите најзначајни дела.
Во биографијата се наведува дека тој е млад човек од Сент Етјен што сака да шета низ градот. Отсекогаш е во потрага по историски градби и градби со смела архитектура, пренесува порталот „Борд Панда“.