Французинот Бен Леком денеска го започна 9.000 километри долгиот пат од Јапонија до американскиот западен брег, со надеж дека ќе стане прв човек што го препливал Тихиот Океан.

Леком утрово влезе во морето источно од Токио и се надева дека за шест месеци ќе доплива до Сан Франциско.

Целта му е да ја подигне свеста за здравјето на океанот.

Денеска е светскиот ден за заштита на околината.

– Се подготвував за ова повеќе од шест години. Сега конечно сум подготвен да тргнам – напиша Леком на Твитер, пред да го започне подвигот.

Неговиот план е да плива по осум часа дневно, односно 60 километри дневно. Покрај него е брод за поддршка со шест членови на екипажот.

– Не сум олимпиец, но сум пустолов што сака да ги помести сопствените граници – рече 51 годишниот Леком.

Тој веќе влезе во книгата на рекорди, препливувајќи го Атлантикот пред 20 години, за што му беа потребни само 73 дена.

Неговиот тим за поддршка соработува со 12 различни научни институции, вклучувајќи ја и НАСА, и ќе спроведе бројни океански и медицински истражувања за време на оваа авантура.