Меѓу сувенирите со мотиви поврзани со Светското првенство во Русија неколку се издвојуваат по нивната впечатливост.

На полиците од сувенирниците се појавија фигури со претседателот на Русија, Владимир Путин, насликан како фудбалски судија.

Исто така, продавачите очекуваат добра продажба од серијата фабержеови јајца направена за овој Мундијал, како и од неизбежните матрјошки, но овојпат фудбалски.

За време на Светското првенство локалните угостители се надеваат дека добро ќе се продаваат и колбасите со „фудбалски“ обвивки.