Ману Пракаш од фондацијата „Макартур“ не е обичен научник. Во текот на својата кариера тој направи извонредни напори да ја олесни науката за луѓето во светот. Неодамна Пракаш ги канализира своите ресурси за да ги направи евтините и лесни алатки достапни за научна употреба во земјите во развој. Ова го вклучува и „Фолдскоп“, лесен оптички микроскоп, кој чини помалку од еден долар за производство и е дизајниран да се витка како оригами од еден лист хартија со интегрирани леќи и електроника.

„Фолдскоп“ беше создаден со идеја да се реши проблемот со пристапност во науката и да се обезбедат евтини алатки за заедниците низ целиот свет. Евтиниот хартиен микроскоп е наедно и лесно пренослив и издржлив, ни и еднакво ефикасен како голем број конвенционални микроскопи за истражување. Овој микроскоп овозможува да се следат бактерии, крвни клетки и едноклеточни организми, како и поголеми организми и предмети, како инсекти, ткаенини, органски ткива итн.

„Фолдскоп“ се состои од перфориран лист картон, сферично стакло, леќа, диода што емитира светлина и дифузер-панел и батерија. Микроскопот тежи вкупно 8 грама и е со големина на обележувач за книги. Магнетите се исто така вклучени во комплетот, дозволувајќи им на корисниците да го вклучат микроскопот на своите телефони и да го фотографираат она што е зголемено. Тој може да се испечати на парче хартија во А4-формат и да се состави само за седум минути. Пракаш, всушност, во едно интервју изјави дека „Фолдскоп“ е толку силен и здрав што може да претрпи пад од 5-ти кат и да биде фрлен во вода.