Најновите истражувања покажуваат дека ставовите и однесувањето на родителите во врска со финансиските навики се пренесуваат и на децата. Родителите со проблематична финансиска историја имаат поголема тенденција да ги научат и свои деца лошо да располагаат  со пари.

Студијата покажа дека родителите не се секогаш најдобриот пример за нивните деца кога станува збор за пари. Оние кои имаат долгови имаат поголеми шанси да ги научат и своите деца да трошат повеќе пари од колку што имаат и да не мислат на штедење. Предизвикот за родителите е да ги елиминираат своите лоши навики, за да не бидат лош пример за своите деца. Но тоа секогаш не е лесно, посебно доколку сте израснале со родители кои не знаеле да менаџираат со парите.

За да им одржите добра финансиска лекција на вашите деца најпрвин од се треба да ги научите да не ги трошат парите импулсивно и добро да размислат дали тоа што сакаат да го купат им е навистина потребно. На децата треба да им се даде добар пример и со плаќањето на сметки. Доколку немате навика да ги плаќате сметките редовно, тогаш искористете ја можноста да плаќате со трајни налози. Сметките кои треба секој месец да ги плаќате, плаќајте ги електронски, на тој начин ќе заштедите и од провизијата која ја плаќате.

Порано кога не беше развиена толку технологијата луѓето не беа во можност да трошат многу повеќе пари од тоа што имаат. Денес во ерата на пластични пари луѓето трошат многу повеќе од тоа што имаат, а за плаќањето размислуваат покасно. Доколку плаќате само минимален износ на картицата за многу кратко време ќе забалежите дека сте во незавидна положба и дека сте потрошиле премногу.

Многу важно за да им покажете на децата како да се однесуваат со финасиите е и самите вие да започнете да размислувате за пензионерските денови. Планирањето на безгрижна старост за повеќето од нас не е приоритет, но што ќе се случи кога нема да бидете во можност повеќе да работите поради старост, здравје или отпуштање од работа. Важно е да се согледаат сите можности и децата уште од мали да ги научите да штедат, да не оптоваруваат со пари, но да научат дека секој денар е важен за ниваната касичка и ќе им биде од полза покасно.