Многу филмови можат да инспирираат патувања. Или барем да разубават ден поминат дома. Во прилог се неколку филма за сите што сакаат да патуваат.

„Експедиција среќа“ (2017)
Авантура, документарен
Режисер: Феликс Старк, Селима Таиби
Главни улоги: Феликс Старк, Селима Таиби
Купиле стар училиштен автобус, го претвориле во свој дом и тргнале на пат од Алјаска до Мексико.

„Ритуал“ (2017)
Трилер
Режија: Дејвид Брукнер
Главни улоги: Раф Спал, Аршер Али, Роберт Џејмс-Колиер
Група пријатели од колеџ се собираат заедно и одат на патување во шумата, но откриваат дека нешто постојано ги следи.
„Брн Брн Брн“ (2015)
Драма, комедија
Режисер: Чанија Батон
Главни улоги: Лора Кармајкал, Џо Демпси, Алис Лоу
Двајца пријатели мора да патуваат низ Велика Британија за да му ја исполнат последната желба на нивниот пријател.

„Еверест“ (2015)
Авантура, биографија, драма
Режисер: Балтасар Кормакур
Главни улоги: Џејсон Кларк, Анг Фула Шерпа, Томас М. Рајт
Што се случува кога температурата паѓа на -40 степени Целзиусови, има сѐ помалку кислород, а вие сте на највисоката точка на Земјата, опкружени со снег и стрмни карпи? Се раѓаат стравот, паниката, страдањето, но и желбата за преживување! Филмот „Еверест“ е заснован на застрашувачка вистинска приказна за група планинари, кои поради опасна снежна бура заглавуваат на опасниот врв, оставени сами на себе.

„Одмор“ (2015)
Авантура, комедија
Режија: Џон Френсис Дејли
Главни улоги: Ед Хелмс, Кристина Аплегејт, Скајлер Гасондо
Надевајќи се дека ќе го зближи своето семејство и ќе го доживее одморот од детството сега со своите деца, возрасниот Русти Грисволд ги носи сопругата и двајцата синови на долго патување до најдобриот забавен парк во Америка, „Валеј ворлд“! Работите нема да одат според планираното.

„Хектор и потрагата по среќа“ (2014)
Драма, комедија, авантура
Режија: Питер Челсом
Главни улоги: Сајмон Пег, Росемунд Пајк, Трејси Ен Обермен
Хектор е психијатар, кој сѐ повеќе е уморен од сопствениот невозбудлив и здодевен живот. Тој на својата девојка Клара ѝ кажува дека се чувствува како измамник затоа што самиот не го доживеал реалниот живот, а во исто време им дава совети на своите пациенти. Затоа, одлучува да се ослободи од рутините и тргнува на одлично патување и да ја открие тајната на среќниот живот.

„Дивина“ (2014)
Драма, биографија
Режија: Џин-Марк Валеј
Главните улоги: Рис Витерспун, Лора Дерн, Геби Хофман
Мемоари од еден соло-патник.

„Тракс“ (2014)
Драма, авантура, биографија
Режија: Џон Куран
Главните улоги: Адам Драјвер, Миа Васиковска, Ема Бут
Робин го напушта својот мирен живот во градот и започнува патување низ австралиската пустина подолга од 3.000 километри. Ја следат само нејзиното куче и неколку камили.