Канскиот филмски фестивал се врати, а исто така и ѕвездите на неговиот црвен тепих.

Фестивалот на југот на Франција беше свечено отворен вчера, повторно откривајќи го својот спој на гламур, политика и контроверзии, надополнет со ѕвездите кои се бакнуваа без маски, коментираат светските медиуми.

Додека на ѕвездите им беше дозволено да шетаат по црвениот тепих без маски за лице, постоеше строго правило за небакнување, кое сепак, беше прекршено речиси веднаш, кога познатите лица од филмската индустрија почнаа да се качуваат по скалите до фестивалската палата.

Меѓу присутните на црвениот тепих беа Спајк Ли, Џоди Фостер, Бонг Џон Хо, Џесика Честејн, Хелен Мирен, Бела Хадид и Марион Котијар.