По прикажувањето на документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“ минатата година, во кој двајца мажи отворено зборуваат зa тоа дека биле жртви нa педофилските склоности на Мајкл Џексон, односно дека пејачот сексуално ги малтретирал, деновиве на јавноста ѝ беше претставен уште еден документарец за неговиот живот.
Темата на филмот „Убиството на Мајкл Џексон“, кој беше претставен деновиве во САД, ги истражува причините за смртта на крaлот на попот, кој почина на 25 јуни 2009 година. Како што пишува британски „Сан“, истражителите освен мртвото тело на Џексон, во собата нашле мнoгу бизарни предмети.
Детективите Орландо Мартинез, Дан Маерс и Скот Смит детално откриваат што сѐ пронашле во спалната соба на изнајмената куќа на Џексон во Холмби Хилс, истакнувајќи дека имало компјутер, бебе-кукла во креветот на суперѕвездата, како и голем број слики на бебиња во собата, ливчиња со разни натписи, игли, празни шишиња од лекови, смет…
Полицајците тврдат дека, освен нив, никој не влегол претходно во собата.
Таму ја нашле и лекарската чанта на Конрад Мареј, кој во 2011 година беше осуден за убиство од невнимание на Мајкл Џексон, за што одлежа две години затвор. Наводно тој на пејачот му давал прекумерни дози од моќниот лек пропофол.