Ако сакате вознемирувачки, мистериозни филмови, кои цело време ве држат во неизвесност и на штрек, во прилог е следната листа. Некои од нив се класици, за некои можеби првпат слушате, но сите гарантираат возбуда и адреналин. Се препорачува да се гледаат во друштво, велат критичарите.

1. Крип
Еден татко на умирање, чиј син треба наскоро да се роди, го ангажира Арон да ги снима неговите пораки на смртната постела. На почетокот сè оди според планот, но барањата на мистериозниот нарачател стануваат сѐ почудни и Арон сфаќа дека не е сѐ како што изгледа.

2. Кога ангелите спијат
За време на службено патување, Херман губи контрола врз своето возило и прегазува тинејџерка. Понатаму е подготвен да направи сѐ за да не му се уништи животот.

3. Другите
Во овој класик, главната хероина Грејс не смее да биде изложена на сончева светлина. За да биде заштитена, нејзината мајка воведува строги правила. Хоророт почнува кога ќерката почнува да гледа духови.

4. Исчезнатата девојка
На петгодишнината од бракот, Ник ја известува полицијата дека неговата сопруга Ејми исчезнала под сомнителни околности. Но дневниците на Ејми откриваат што навистина се случило.

5. Покана
Еден и Вил се среќна двојка сѐ додека трагично не го загубат својот син. Еден исчезнува и по две години се враќа со својот нов сопруг. Таа и новиот сопруг имаат некои чудни намери.

6. Внатре
Бремената Сара и нејзиниот сопруг доживуваат трагична несреќа, во која тој загинува, а таа останува делумно глува. Непозната жена се појавува на нејзината врата, која не сака ништо друго освен да дојде до нејзиното неродено бебе.

7. Вештерка
Филмот се одвива во 1630 година. Двојка со пет деца живее во темни шуми, контролирани од мрачните сили. Кога нивниот новороден син исчезнува, сите во семејството почнуваат да се сомневаат еден со друг.

8. Коцка
Во култниот филм од 1990-тите, шестмина туѓинци се будат во просторија од која се чини дека нема излез. Наскоро откриваат дека се наоѓаат во лавиринт полн со смртоносни стапици.

9. Вероника
Откако 15-годишната Вероника се обидува да стапи во контакт со својот починат татко, таа и целото нејзино семејство почнуваат да се соочуваат со паранормални сили.

10. Канцеларија
Ким работи во голема компанија. Еден ден го убива своето семејство и исчезнува без трага. Детектив што го истражува неговото исчезнување ги испрашува неговите колеги, но изгледа дека тие кријат нешто.