Филмските остварувања раѓаат нови идеи, нѐ учат на нови работи и наметнуваат вредности што брзо се присвојуваат и шират. Благодарение на некои филмови, девојките сакаат да станат тајни агентки, научниците пронаоѓаат инспирација во фантазиите, ловците се откажуваат од ловот, се зголемува интересот за одредени професии… Во прилог неколку филмови што го променија светот и докажаа дека сценаристите и режисерите се магионичари на модерната доба.

„Црниот пантер“

Луѓето ги прифатија црните мачки.
По премиерата на филмот „Црниот пантер“ луѓето масовно почнаа да ги прифаќаат црните мачки. Пред тоа, луѓето беа скептици за животните со ваква боја, поради различните суеверија. Се верува дека црна мачка носи несреќа ако ви го пресече патот. Освен тоа, во светот се верува дека црните мачки се реинкарнација на ѓаволот и на верниот слуга на вештерката.

„Бамби“

Бројот на ловците опадна за 50 отсто.
Бамби, еден од омилените ликови и кај децата и кај возрасните, се бори за своето место во светот по губењето на својата мајка, која според приказната била убиена од страна на ловците. Популарниот цртан филм беше објавен во 1942 година, по што многу ловци одлучија да престанат да се занимаваат со ова хоби. Така, Бамби стана најпознатиот лик во борба за животинските права.

„Кога јагнињата ќе стивнат“

Зголемен број на кандидатки за работа во ФБИ.
ФБИ активно учествуваше во изработката на овој филм. За да биде подобро подготвена за улогата, Џоди Фостер помина низ нивната обука во Квантико. Претставниците на бирото се надеваа дека филмот ќе привлече нови кандидатки и токму тоа се случи. Главната протагонистка на овој филм, инспирираше многу девојки да станат агентки.

„Ајкула“

Помалку интерес за одмор на плажа и нови безбедносни правила.
Хорор-филмот ги принуди луѓето да ги преиспитаат своите желби за одмор на море, додека новинарите известуваа за страшните напади на ајкулата. Плажите воведоа нови правила, кои се однесуваат на забраната за пливање во одредени области. Сепак, за да не се обвинуваат само ајкулите, напоменато е дека повеќето смртни случаи се случуваат поради човечка небрежност и недоволно искуство.

„Џејмс Бонд: Скафол“

Продажбата на жилетите се зголеми за 40,5 отсто.
Неверојатно е како режисерот успеа да го претвори жилетот во една од највпечатливите сцени во филмот на тајниот агент. Опасното сечило во рацете на жена влијаеше илјадници мажи повторно да се бричат на традиционален начин. Бројот на пребарувањето на терминот „опасен бербер“ е зголемен за 735 отсто по премиерата на филмот, а продажбата на жилети неверојатно е зголемена.

„В за Вендета“

Почеток на борбата против политичката репресија.
Пред овој филм се појави анонимно движење, но со неговата последна сцена, во која илјадници луѓе ставија маски и ја почнаа својата борба против корупцијата и тиранијата, ги инспирираше активистите на ова движење да преземат поголеми чекори.

„Сајдвејс“

„Пино ноар“ стана најпопуларното вино меѓу Американците.
По премиерата на филмот, интересот за омиленото вино на главниот лик беше значително зголемен. Никој не очекуваше филмот да има толку силно влијание врз американскиот пазар за вино, но со текот на времето, „пино ноар“ стана најпопуларното вино во Америка.

„Чувари на плажа“

Голем број млади луѓе се заинтересираа за професијата спасувач на плажа.
По првата епизода на оваа серија, црвените костими за капење станаа неопходен дел од плажата кај жените. Подоцна е зголемен и интересот за работа во спасувачката служба – илјадници млади девојки и момчиња низ целиот свет се запишуваа на подготвителни курсеви. Денес, оваа професија е многу добро платена, но не е лесно да се исполнат сите услови за да се стане професионален спасител.

„Џон Ф. Кенеди“

Влада ја отфрли доверливоста за документите за атентатот на американскиот претседател.
Главниот херој на филмот се бори против Владата, ја обвинува за заговор, и се обидува да докаже како е убиен Кенеди. По премиерата на филмот, американската влада ја отстрани ознаката доверливо од документите поврзани со Кенеди за да избегне нови обвиненија.

„Џејмс Бонд: Спектра“

Милиони посетители на мексиканскиот празник за Денот на мртвите.
Традиционалната парада, која исто така се претставува како фестивал, процвета по филмот за најпознатиот таен агент во светот. Па затоа градската влада одлучи парадата да се одржува секоја година, за секој да може да учествува.

„Доктор Хаус“

Докторот открил причина за срцеви заболувања кај еден пациент, кога забележал сличност со пациент во една епизода.
И покрај многубројните недостатоци на оваа серија од областа на медицината, докторите навистина ја сакаат, бидејќи таа е базирана на реални случаи и некогаш може да им помогне во нивната струка. Така, забележан е случајот кај пациент што цела година не можел да добие точна дијагноза. Докторот случајно ја погледнал епизодата и успеал да му даде вистинска дијагноза на пациентот.

„Досие Икс“

Зголемување на бројот на забележани НЛО, интерес за наука и паранормални активности.
Сите што ја следеа серијата замислуваа дека заедно со Молдер и со Скали, истражуваат паранормални активности и настани поврзани со вонземјани. Популарноста на серијата влијаеше на интересот на луѓето за сѐ што е нејасно.
Друг придружен ефект беше порастот на бројот на фотографии и видеозаписи, кои сведочат за постоење на вонземски живот.

„Берни“

Човекот што го инспирираше филмот беше ослободен од обвинението за убиството на својата сопруга.
Филмот е заснован на вистинската приказна за еден човек што работел во мртовечница, кој подоцна е обвинет за убиство на својата сопруга. Берни оди во затвор иако секој знае дека не го заслужува тоа. По гледањето на овој филм, судијката Џоди Кол го преиспитала случајот и открила некои детали по кои го ослободи Берни.

„Паркот Јура“

Луѓето почнаа да купуваат фосилна смола со инсекти.
Приказната за клонирањето почнува со фосилна смола во која е пронајден комарец. Филмот беше толку популарен што трговците на фосилна смола со инсекти станаа милионери. Некои купуваа фосилна смола за да му се посветат на изучувањето на комарците во нив, додека други планирале да ги продаваат на научници и на претприемачи заинтересирани за диносаурусите.
Благодарение на филмот, голем број истражувања се засноваат на тоа колку е навистина реална идеја за клонирање диносауруси.