Во рамките на фестивалот „Докенритам“ во Белград, вчера беа прикажани два музички документарни филмови за Кирил Џајковски, „Современа музика за современата доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „Д Хип“ во режија на Јане Алтипармаков.
Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот со акцент на Македонија.
Фестивалот „Докенритам“, на кој се прикажуваат музички документарни филмови, се одржа во Студентски град во Белград од 8 до 11 јуни, а освен филмската програма, годинава понуди и дебати и промоции на книги.
Гостувањето е плод на соработка меѓу здружението „Номад-арт“ од Скопје и фестивалот „Докенритам“.