Речиси половина од животните што ги населуваат Филипините не можат да се видат на друго место во светот, а секој остров се карактеризира со различни видови

Островската држава во западниот дел на Тихи Океан, Филипините, е дом на голем број различни растителни и животински видови. На повеќе до 7.600
острови растат примероци од 5 проценти од сите растенија во светот.
Исто така, речиси половина од животните што ги населуваат овие острови не можат да се видат на друго место во светот, а секој остров се карактеризира со различни видови. Условите за живот на островите поттикнуваат појава на нови видови или развој и поделба на одреден вид на неколку нови. Сепак, овој еколошки рај е загрозен и со уништување на живеалиштата, нивно распарчување и претворање во обработливо земјиште.
Повеќе од 700 домородни видови се соочуваат со закани за истребување. За време на глобалната пандемија, ситуацијата се влоши, бидејќи организациите за зачувување на природата забележаа зголемување на нелегалниот риболов и сечење ретки растенија. Како и да е, напорите за зачувување на живеалиштата и биодиверзитетот на Филипините даваат резултати. Преку национални паркови и одржлив туризам, се собираат средства наменети за финансирање на здруженијата за заштита на природата. Во фокусот на нивните активности се некои од најретките животни во светот.
Издвојуваме некои од ретките животни што може да се видат само на Филипините.

Филипински тарзиер
Филипинскиот тарзиер е вториот најмал примат во светот. Првпат беше опишан во 1894 година, но една од неговите одлики до неодамна беше мистерија. Кога научниците фатиле примерок од овој вид, животните ја отворале устата како да завиваат, но не испуштале никаков звук. Овој вид на однесување им било особено чудно. Мистеријата беше решена во 2012 година, кога научниците утврдиле дека филипинските тарзиери комуницираат преку ултразвук, односно звуци со висока фреквенција што човечкото уво не може да ги чуе. Со своите големи жолтеникави очи и уши слични на лилјак, тарзиерите се ноќни ловци.

Тамару
Филипинците сметаат дека тамаруто е едно од најубавите и најпопуларните животни во светот. Сепак, надвор од Филипините, малкумина воопшто слушнале за ова животно. Тамару е единствената автохтона раса на говеда на Филипините што живее исклучиво на островот Миндоро. Тие се карактеризираат со сјајна црна коса и рогови позиционирани наназад. Иако е висок околу еден метар, тамаруто е вистинско диво животно, кое е подготвено да нападне со своите рогови доколку почувствува закана. За жал, месото на ова животно е високо ценето, па затоа често е жртва на ловокрадство. Тамару е критично загрозен вид, со само 600 единки оставени во дивината.

Филипински крокодил
Филипинскиот крокодил е најреткиот вид крокодил во светот. Возрасните достигнуваат должина од 1,5 метар и едвај надминуваат 13,5 килограми, што ги прави еден од најмалите видови крокодили. Нивна омилена храна се полжави и стаорци. Меѓу 92 и 137 возрасни филипински крокодили остануваат и на земја. Овој критично загрозен вид често страда затоа што многу луѓе веруваат дека претставува закана за животот на добитокот или за нив.

Филипински орел
Овој предатор со белузлав стомак и уникатна мека круна од пердуви се смета за национална птица на Филипините. Се храни со мајмуни и денес е речиси невозможно да се види во дивината, бидејќи има околу 400 возрасни двојки од овој вид. Програмата за зачувување на филипинскиот орел почна во 1970-тите и оттогаш спаси 86 птици. Факторот што има најголемо влијание врз намалувањето на нивната популација е уништување на шумите.