„Фејсбук“ ја укинува опцијата „лајк“ од своите редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, се наведува во соопштението на компанијата кое го пренесува „Фајненшл Експрес“. Својот редизајн „Фејсбук“ го објави на 6 јануари годинава. Страниците сега ќе се фокусираат само на следбениците.

На страниците на „Фејсбук“ ќе бидат прикажани само следбениците и ќе имаат наменски „Њуз фид“ каде што корисниците ќе можат да се приклучуваат на разговори, комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите, најави компанијата во објава на својот блог.

– Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници – соопшти „Фејсбук“ за редизајнот.