Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ја ажурирала програмата против говорот на омраза што често може да се види на оваа социјална мрежа.
Целта е да се забрани каква било содржина што ги негира или искривува фактите за холокаустот, пренесува „Ројтерс“.
– Спроведувањето на ваквите правила не може да дојде преку ноќ. Постои цела низа на содржини што може да ги прекрши правилата, ќе ни треба некое време да ги научиме нашите вработени и да вклучиме системи за заштита од овој вид говор на омраза – се наведува во соопштението на „Фејсбук“.