„Фејсбук“ и неговите партнери се подготвуваат да ја издадат криптовалута либра во јануари следнава година.

Компанијата „Фејсбук“ минатиот јуни, ја претстави својата криптовалута наречена либра, по што беше одложено издавањето на неодредено време. По сите препреки либра конечно може да ја види светлината на денот на почетокот на следната година.

Според „Фајненшл тајмс“, три лица се вклучени во овој проект, што сугерира дека либра ќе биде ограничена верзија на она што првично го замислуваше „Фејсбук“. Првично требаше да претставува само неколку дигитални монети, а некои од нив би претставувале физички валути, како што е на пример американскиот долар, додека другите би биле составени од сите монети.

Либра, сега би требало да претстави само една валута, онаа што е поврзана со американскиот долар.

Сепак, ќе има голема конкуренција бидејќи криптовалутите станаа многу популарни, а компаниите како „Коинбејс“, „Тедер Лимитед“ и „Паксос“ имаат своја верзија на дигитални монети, а нивниот пазар се движи од сто милиони до милијарда долари. Целта на овие дигитални монети е да претставуваат стабилна валута во споредба со другите криптовалути, како што е биткоин.

Пред да стигне до таа позиција од либра го откажаа партнерството бројни компании, меѓу кои и нејзини основачи како „Пеј Пал“, „Мастеркард“ „Водафон“ и „Ибеј“.