Фестивалот насловен „Младински фестивал“ на Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија ќе се одржи в недела, со почеток во 12 часот, во МКЦ. Настанот е организиран од волонтерска група на советот, која организира изложба на приказните на млади луѓе во оваа држава, а во рамките на фестивалот ќе бидат вклучени два бенда, диџеи, дискусија и базар. Интерактивната изложба содржи приказни на млади луѓе соочени со пречките во општеството и оние што си ги поставуваме самите себеси.

Фестивалот сака да одговори прашањето што им е важно на младите. Во рамките на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два диџеи, додека во заднината ќе има базар на локалните креативци и нивните уникатни производи. Отворањето на изложбата и почетокот на базарот се во 12 часот.