Во Штип, во Домот на млади и на неколку други локации, од 5 до 15 ноември, ќе се одржи меѓународниот фестивалот „Театар во куфер“. Овој пат манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, бидејќи со секој купен билет, кој чини само 100 денари, посетителите ќе донираат и за лекување на малата Симона.
Одлука е донесена на седница на управниот одбор на фестивалот. Организаторите велат дека билетите, кои се во ограничен број, може да се резервираат и на веб-страницата на Дом на млади – Штип.

– Наша цел е театарот да го вратиме на почетокот, да прикажеме еден подзаборавен модел на театар, кој е маргинализиран. Фестивалот има и свој манифест во кој е подвлечена природната врска меѓу театарот и куферот: „Затоа што куферот е патување, а театарот никогаш не отишол подалеку од двоколката на Теспис“ – велат организаторите.
Фестивалот на 5 ноември ќе го отвори претставата „Јустинијан Први“, која ќе се игра во Домот на млади.
Освен прикажувањето на десетина театарски претстави, на 7 ноември ќе бидат промовирани и книги за театарот во библиотеката „Гоце Делчев“.