Ефтеркланг

Јубилејното 10-то издание на фестивалот на нова музика – „Здраво млади“ се заокружи во раните утрински часови.

Покрај домашните групи „Фанк шуи“ и „ПМЏ Колектив“, настапија и неколку интерционални артисти меѓу кои: „Ефтеркланг“ од Данска, „Лалалар“ од Турција и диџеј Фиц од Ирска. Програмата течеше беспрекорно, запазувајќи ги сите мерки, а и целиот процес се олесни со големиот простор кој го нуди паркот на МКЦ.

Ова специјално издание во специјални услови ја понуди и изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“ на Сали Ертунч која од понеделник, 31 август може да се посети во Галеријата на МКЦ – Скопје.

Тимот на „Здраво млади“ понуди слободно танцување на безбедна дистанца, а верната публика испорача и се поврза со квалитетниот звук што го нудеше годинашната скромна музичка програма.