Единаесеттото издание на фестивалот „Здраво млади“ ќе трае еден ден и ќе се одржи на 27 август на летната сцена на МКЦ во Скопје.
– Поради пандемијата на коронавирусот дојде до промена на програмата, па сите што со нетрпение го очекуваат фестивалот ги известуваме дека на годинашното скратено издание ќе настапат: Херкулес енд Лав афер, Шортпарис, Блекстејт, Мурман Тулаџе, Белградо, Пеки Пеле, а деновиве следуваат уште најави за артисти и дополнителна програма – велат организаторите
Тие додаваат дека веќе купените билети може да ги искористат за 27 август и да добијат попуст од 50 отсто на билет за следното издание на „Здраво млади“. Дополнително, во продажба се пуштени еднодневни билети по 400 денари што важат само за годинашното издание, кои се достапни на билетарница во МКЦ.