Необичната криптовалута, наречена доужкоин, која беше силно промовирана на Твитер од страна на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, забележа невиден успех, но и голем пад, пренесува „Форин полиси“.

Во 2010 година, многумина се обидоа да се збогатат брѕо, креирајќи сопствени валути на Интернет. Со копирање на софтверот на биткоин и менување на неколку ситни детали, создаваа валути кои потоа можеа да бидат тргувани за биткоини. Доужкоин, која се роди во 2013 година за време на првото „пумпање“ на биткоин-меурот, беше слична на лајткоин, која пак, беше копија на биткоин.

Доужкоин првично беше криптовалута наменета за шега, добивајќи го своето име од „доуж“, интернет-мемето на кое беше прикажано куче од расата шиба ину. Идејата беше корисниците на социјалната мрежа Редит да се забавуваат со речиси безвредна криптовалута, што е доволно евтина. Корисниците на доужкоин имаа и свој прекар, „шибеси“, и се наградуваа меѓусебно со криптовалутата за забавните коментари оставени на социјалната мрежа.

Иако речиси без вредност, во доволни количини со ваквата криптовалута, „шибесите“ направија два подвига. Форумот собра пари за добротворни цели. Беа собрани доужкоини во вредност од 30.000 долари во јануари 2014 година за испраќање на испратат боб-тимот на Јамајка на Зимските олимписки игри истата година. „Доуж за вода“ собра 32.000 долари за снабдување на Кенија со чиста вода. Тие го сторија ова продавајќи доужкоините за биткоини, потоа продавајќи ги биткоините за долари. Криптовалутите се корисни за тргување, каде што речиси нема регулација и постојат бројни проневери.

Вредноста на доужкоин порасна минатиот месец, кога редит-форумот „волстритбетс“ успешно ги крена акциите на компанијата за видеоигри „ГејмСтоп“ во средината на јануари. „Пумпачите“ на криптовалути ја најдоа публиката што долго време ја бараа: луѓе кои не разбираа што прават и кои ќе ги вложат своите пари, мислејќи дека им задаваат удар на „големите момци од Волстрит“, додека притоа се забавуваа.

Милијардерот Илон Маск објави на Твитер стави потсмешлива насловна страница на списанието наречена „Доуж“ и стави симбол на криптовалутата во својата биографија на Твитер. Вредноста на доужкоин потоа значително се зголеми, за да претрпи пад веќе следниот ден. Но, со континуираното внимание од Маск, цената пак порасна во текот на следната недела.

Добиениот „бакшиш“ од доужкоини на „шибесите“, кои тие си ги доделуваа едни на други за смешните коментари, сепак, не заврши добро. Операторот од 2014 година призна дека во 2017 година ги украл сите депонирани доужкоини две години претходно. Што беше прокоментирано со текстот што вообичаено го придружува мемето: „Многу жал, многу загуба“.

Били Маркус, еден од креаторите на доужкоин, објави отворено писмо за валутата на 8 февруари. Тој ја повика редит-заедницата да се врати во духот на забавата и да престане да мисли и прави сè за да дојде до пари. Но, тој во писмото надолго зборуваше за доужкоинот како валута, што им се виде чудно на редит-корисниците.

– Продолжете да се едуцирате колку што можете повеќе за тоа како функционира криптовалутата, како функционираат ваквите пазари, и никогаш не ризикувајте повеќе отколку што можете безбедно да изгубите. Бидете будни и свесни – рече Маркус.

Но, редит-користниците обично се лукави и проникливи. Ако се работи за пари, а некој од големите момци ви кажува дека не станува збор за пари, тогаш станува збор за пари. Ако тој ви каже дека станува збор за забава, а не за пари, повторно станува збор за пари. Ако ве советува да правите забавни работи што вклучуваат вложување на пари, тогаш дефинитивно станува збор за пари.