Фараонската кокошка е позната и како египетски мршојадец и единствениот член на родот Neophron. Живее на територијата помеѓу северниот дел на Африка и Индија, а може да се сретне и во југозападниот дел на Европа. Се храни главно со мрша, но може да нападне и мали птици, влечуги или цицачи. Исто така понекогаш се храни со јајцата на другите птици, кршејќи ги со фрлање камења врз нив. Они што живеат во северните поладни делови, во текот на зимата мигрираат на југ, додека оние што живеат во потоплите региони имаат седечки начин на живеење, односно не мигрираат. Денес популацијата на фараонската кокошка е намалена поради ловот, случајните труења, климатските промени и др.