Неуморниот организатор и креатор на ноќниот живот во градот Милорад Цаиќ-Цајо, в сабота, организира голема ретро-забава што ќе се одржи во арената „А1“, со почеток во 21 часот.

– Сите сме фамилија, но некако како да се одродивме во последно време. Затоа јас в сабота ги канам сите што се чувствуваат младо, но ги паметат времињата кога имаше многу повеќе забава, насмевки и среќни лица, да дојдат во арената „А1“ на ретро-забавата. Ова ќе биде уште една шанса за убава дружба, со мала доза на носталгија – вели Цајо.

За музиката се задолжени Вера Јанковиќ, Драган Б. Костиќ и диџеј Ерик Фокс, а ќе се појави и диџеј Шојка од МЏ Радио.