Италијанскиот скулптор Фабио Виале ги истетовира своите мермерни репродукции на класични скулптури со тешки сцени од антички приказни, диви бранови и замрачени облаци. Секоја од композициите базирана на листови, цветови и змејови е поставена на затемнета заднина, која има тенденција да обвива цел грб, нога или рамо, предизвикувајќи невообичаен амалгам на материјал и форма.
Виале не слика врз мермерот, туку нанесува боја на деловите од телото на начин што е сличен на тетовирање на човечко тело.

Тој соработувал со тим хемичари за да ја рафинира мешаната техника и открил дека „неизненадувачки, секој природен материјал има силна карактеристика и тешкотии поврзани со него“. Виале вели дека со репродукција на класични дела, наспроти создавање оригинално свои бисти и мермерни статуи, тој е во состојба подобро да го разбере оригиналниот уметник.

– Тоа е средба помеѓу животот и смртта, меѓу светото и профаното. Комбинацијата, врските помеѓу овие две групи, резултира во цврста врска што создава енергија: претсфаќањето што го имаме од класичната убавина и цврстината својствена за одреден вид криминална тетоважа, предизвикува вчудовидување – открива Виале.
Во споредба со оригиналната римска скулптура, на „Лаокоон“ на Виале му недостига едно момче од десната страна. Главната фигура е покриена од средниот дел на бутот до вратот и надолу кон подлактиците со темни илустрации во кои се вклучени седумте смртни грева од „Пеколот“, што ги насликал Џовани да Модена во 15 век. И „Венера“ исто така е покриена со шифри со кои честопати биле означувани руските затвореници.