Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од oпштина Аеродром викендов ќе биде домаќин на третиот меѓународен натпревар во брзо решавање рубикова коцка.

На натпреварот се пријавени над ​75 учесници од нашата држава, како и од Швајцарија, Белгија, Грција, Србија, Бугарија и Косово.

Натпреварувањето ќе трае два дена, во сабота од 9 до 18:30 часот и недела од 9 до 17 часот, а за сите посетители влезот ќе биде слободен.

Организатор на натпреварот е Македонската кјубинг асоцијација (МКА), а ќе биде делегиран од „Ворлд кјуб асосиејшан“ (WCA), која одржува над 1.000 натпревари годишно низ целиот свет.