Кој период од денот е најдобар за вежбање

Студија што испитувала мажи со висок ризик за дијабетес тип 2 открила дека оние што вежбале попладне го подобриле своето метаболичко здравје многу повеќе од оние што вежбале исти вежби порано во текот на денот. Но поголемиот дел од ова истражување е насочено кон тоа кога јадеме или легнуваме. Дали и како распоредот за вежби може да влијае на метаболичкото здравје е помалку јасно, а резултатите од минатите експерименти не секогаш се согласуваат. Некои сугерираат дека утринските вежби, на пример, го зголемуваат согорувањето на мастите и слабеењето.
Од друга страна, често дискутираната студија открива дека мажите со дијабетес тип 2, кои попладне вежбале неколку минути со висок интензитет, значително ја подобриле контролата на шеќерот во крвта по две недели. Ако правеле интензивни тренинзи наутро, нивото на шеќер во крвта им се зголемувало несоодветно.
Придобивките од попладневниот тренинг значително ги надминуваат ефектите од утринското вежбање. Умереното попладневно вежбање може да има ефект врз храната што ја консумираме подоцна во вечерните часови и ќе помогне да се забрза метаболизмот. По 12 недели, мажите што вежбале попладне покажале значително подобра просечна чувствителност на инсулин од оние што практикувале утрински вежби, што резултира со поголема способност за контрола на шеќерот во крвта.