Традиционалната тајландска масажа со која се истегнуваат и крцкаат коските на грбот сега е дел од листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, кое опфаќа традиции и практики што им се пренесуваат на генерациите.
УНЕСКО е агенција на Обединетите нации за образование, култура и наука, а нематеријалното културно наследство е одвоено од списокот на светско наследство, кое опфаќа објекти и места од значење за човештвото.

На списокот за културно наследство има 550 точки од 127 земји, поделени во три категории, пренесува Би-би-си.
Традиции и активности се додаваат секоја година, а годинашниот состанок на комитетот се одржа во Богота, Колумбија.

Други практики додадени на годинашниот список се: алпинизмот, ирското харфање, селестинското простување во Италија, традиционалниот португалски карневал и малезиската вештина за самоодбрана – силат.