Унгарскиот диригент и композитор Иван Фишер направил заштитни маски што го подобруваат квалитетот на звукот, кои на посетителите на концертите за време на пандемијата на коронавирусот ќе им овозможат да уживаат во подобрата акустика, пренесе агенцијата Ројтерс.
Маската на Иван Фишер има две пластични чашки во облик на дланка. Тие се прикачени за конците што го држат платното, а дизајнирани се така да ги обвиткаат ушите на лицето што ја носи.

Изумот на диригентот на Фестивалскиот оркестар на Будимпешта веќе стана популарен меѓу посетителите на концертите, кои тврдат дека звукот на музиката е многу подобар кога маската е на лицето. На неодамнешниот настап на овој оркестар можеле да се забележат десетина посетители со ваква оригинална заштита.
Акустичните маски може да се нарачаат преку сајтот на Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, по цена од 22 евра, а ги има во црна и бела светкава верзија.