Со уметничка инсталација во форма на црвен крст им се одава почит на починатите од коронавирус, како и благодарност на медицинските лица. Инсталацијата е поставена на плажата Сандбанк во приморската областа Дорсет на Југозападна Англија, пренесува Би-би-си.

На еднонеделниот фестивал „Уметност покрај море“, кој се оддржува во Дорсет е поставена инсталацијата „За спомен“, уметничко дело на Лук Џерам, кој 120 креветски чаршафи ги употребенил како знамиња за да се создаде формата на црвен крст.

На посетителите им било дозволено да одат помеѓу знамињата, но со почитување на протоколот за физичка оддалеченост.