„Тишина“ е насловот на уметничкото видео за Прилеп, во кое се отсликува како изгледа празниот град во време на коронавирусот. Автор е Зоран Пилоски заедно со неговата „Фан продукција“. Видеото е автентичен приказ на прилепските улици, плоштади, паркови и знаменитости за време на полициски час.

– Насловот е „Tишина“ затоа што сакав да прикажам како изгледа градот празен, со затворени дуќани, без автомобили, а само пајките и птиците се декор за целата тишина. Но давам и надеж дека со крајните зборови дека „тишината ќе ја снема, градот одново ќе живее“. Дури и во време на воената криза во 2001 година кога во Прилеп имаше полициски час немаше ваква тишина.

Ова ретко се случува и затоа сакав да го овековечам ваквиот момент – вели авторот Пилоски, посочувајќи дека два дена снимале, а потоа два дена монтирале за да го постигнат ефектот што го сакале со видеото, во кое може да се видат Марковите кули, Саатот, прилепските плоштади, Могилата…