Уметничката колекција на Дејвид Рокфелер, меѓу кои се наоѓаат делата на Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџ О’Киф, од денеска е на аукција.

Како што соопшти аукциската куќа „Кристиз“, продажбата на делата би можела да донесе повеќе од 500 милиони долари и ќе биде проследена од бројни филнатропи кои го поддржувале Рокфелер и неговата сопруга Пеги додека биле живи.

Дејвид Рокфелер бил внук на Џон Рокфелер, кој почина во март 2017 година, на 101 годишна возраст. Со неговата сопруга Пеги, тој бил во брак повеќе од 50 години. Таа починала во 1996 година.

Двојката собрала голема колекција на уметнички дела, мебел, керамички предмети и предмети од претходните генерации Рокфелер.

Аукцијата вечерва ќе биде фокусирана на 19-тиот и 20-тиот век, а меѓу предметите ќе бидат остварувањата на Пол Гоген и Анри Матис.