Крадци украле камион со 160.000 колачи прелиени со чоколадо, соопшти австриската компанија која ги произведува овие слатки.

Камионот, кој бил украден во текот на ноќта, бил натоварен со 33 палети од популарните колачи „шведенбомбонен“, прекриени со чоколадо и шлаг преку крцкава вафла.

Компанијата соопшти дека камионот бил лоциран со помош на ГПС јужно од Виена и близу границата со Унгарија, но дека неговиот товар исчезнал, пренесе АП.

Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање на сторителите.