Од гробиштата што се наоѓаат на ненаселениот остров на шкотското езеро Лох Шил крадци украдоа вредно ѕвоно што датира од раниот среден век. Со векови од 661 година островот бил место на кое биле сместени христијански гробишта, а од неодамна е познат и како локација на која се снимани филмовите за Хари Потер. Се верува дека ѕвоното е проколнато и дека последен пат го украл војник во 1740 година, по што е уапсен и казнет со камшкување, а ѕвоното е вратено на островот.

Група што се занимава со историја бара помош во пронаоѓање на ѕвоното бидејќи тоа за локалната заедница има „голема верска и културна вредност“. Шкотската полиција извести дека истрагата е во тек.
Езерото Лох Шил и островот Сент Финан во филмовите за волшебникот Хари Потер го претставуваат Црното Езеро.