Стигна првиот трејлер за филмот „Убиствена нација“, кој е снимен според вистинит настан во американското гратче Салем, чии жители во целост ја загубиле контролата. Режисер на филмот и сценарист е Сем Левинсон, а главните улоги ги толкуваат Одеса Јанг, Хари Неф и Суки Вотерхаус.

„Убиствена нација“ говори за денешното влијание на Интернет и социјалните мрежи, кои ја уништија приватноста на луѓето. Токму тоа ќе стане голем проблем на главната хероина, средношколката Лили, кога непознат провокатор на Интернет ќе почне да поставува приватни детали од животот на месното население на Салем. Ситуацијата во гратчето целосно ќе излезе од контрола.

Премиерата на филмот се случи во јануари, на фестивалот „Санденс“ во САД, кога филмот доби одлични критики од публиката и од критиката.
Прикажувањето во киносалите во светот ќе биде на 21 септември.