Човекот кој ја уби мачката на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, наводно ја признал вината, една година откако ја згази првата мачка на Нов Зеланд, пишува „Гардијан“.

Првата мачка на Нов Зеланд како што ја ословуваат медиумите, угина во октомври 2017 година, откако ја прегази автомобил во близина на нивниот дом.

Соседот по име Крис, кој ја згазил мачката со автомобил, дури сега се охрабри и за првпат проговори на оваа тема, изјавувајќи дека откако ја згазил Педлс, тој не бил сигурен дали мачката ќе преживее бидејќи таа избегала веднаш по несреќата.

Крис тврди дека подоцна откако ја пронашол мачката ја однел на ветеринар но било предоцна.

Тој испратил картичка во која изразува сочувство на премиерката и нејзиниот партнер Кларк Гејфорд. Откако ја примила картичката, Ардерн му се јавила на Крис за да му се заблагодари.

Кратко откако Ардерн ја презеде премиерската функција, во октомври 2017 година, нејзината мачка по име Педлс стана многу позната. Педлс имаше и нејзин сопствен профил на Твитер.