Локалните жители во едно село во Индонезија вооружени со ножеви, чекани и стапови ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смрт на маж кој го убил крокодил на една фарма за крокодили.

Шефот на Агенцијата за заштита на природни ресурси на Индонезија во Западна Папуа изјави дека 48 -годишната жртва влегла на фармата за крокодили и веројатно собирал трева за да ја нахрани стоката кога животното го нападнало.

– Вработените слушнале дека некој вреска и бара помош, бргу отишле таму и виделе дека крокодил напаѓа некого – стои во соопштение на Агенцијата.

По закопот на мажот во саботата, локалните жители влегле во фармата и ги убиле сите крокодили.