Единствениот примерок на женка на белата жирафа во Кенија и нејзиното младенче ги убиле ловокрадци во резерватот „Гариси“, на истокот на земјата, соопшти тамошната организација за заштита на дивиот свет.

Тоа исклучително ретко животно не е забележано ниту во една друга земја во светот.
Сега останува само еден мажјак на белата жирафа, чија мајка беше убиена од ловокрадците, се вели во соопштението на организацијата „Ишакбини Хирола“ која управува со резерватот.

Белите жирафи немаат карактеристики на албинизам, туку на генетска состојба наречена леуцизам, која се должи на недостиг на пигмент и која е откриена кај некои бели тигри.