Супермоделката, активистка и ново лице на најновата козметичка линија на „Диор“, Жизел Бундшен, сподели неколку животни лекции, кои ги објави магазинот „Ел“. Бундшен, која е радикално отворена кога е во прашање нејзината борба со анксиозноста и нападите на паника, вели дека пронашла внатрешен мир со помош на медитацијата, здравиот начин на живот и љубовта што ја води низ него. Ќе ги претставиме нејзините совети во кои можат да се пронајдат сите жени.

Пронајдете ја сопствената рамнотежа
Почнете да работите на себе, бидејќи вие сте креатор на вашата реалност. Никој не може да одлучува за вас и вие сте тие што ги донесуваат одлуките!

Нека ве води љубовта
Секогаш кога сакам да направам нешто, се прашувам дали тоа шири љубов. Дали е поврзано со позитивни вибрации?

Прегрнувајте се
Кога ќе ги прегрнете своите деца, сопругот, некого што го сакате, тогаш можете да ја почувствувате нивната енергија. Им пренесувате нешто и тие нешто ви пренесуваат вам.

Останете блиски со природата
Кога ја посетив Амазонија во 2004 година, одлучив задолжително да преземам нешто за да ги заштитам бразилските прашуми. Во моментов за мене најважно нешто е обновата на планетата, сите мораме да се фокусираме на тоа.

Поминете време правејќи го она што го сакате
Направете ја оваа вежба: нацртајте круг и поделете го според процентот на време што го трошите за секој сегмент од својот живот. Тоа е извонреден начин за визуализација на распоредот на своето време, кој ќе ве поттикне да им посветите поголемо внимание на некои животни сегменти.

Станете свесни дека сте единствени
Мораме да бидеме во мир со самите себеси, бидејќи секоја единка е единствена и посебна. Запаметете, вие сте единствени, на планетата живеат седум и пол милијарди луѓе, но никој не е како вас.