Анализите на некои истражувачи покажуваат дека изразот „црн петок“ нема никаква врска со купување. Во петок, по секој четврти четврток во ноември, милиони луѓе одат на шопинг и ги блокираат трговските центри газејќи сè пред себе, веб-страниците паѓаат и се рушат рекордите за продажба од претходната година. Овој глобален феномен наречен „црн петок“ стана традиционален потрошувачки ритуал што се повторува секоја година. Но се поставува прашањето дали „црниот петок“ е изум на современото општество на потрошувачи, дали е создаден во ерата на купувањето преку интернет или има постари корени?
Постојат неколку теории за потеклото на „црниот петок“ во САД. Една од првите, што е веројатно и најраспространета, но исто така и најверојатно сосема погрешна, е поврзана со трговијата со робови. Имено, трговците со црни робови ги намалувале цените по Денот на благодарноста поради доаѓањето на зимската сезона. Друга хипотеза, поверојатна, е дека овој израз потекнува од петокот на 24 септември 1869 г., кога двајца брокери од Волстрит (Џеј Голд и Џим Фиск), се обиделе да го монополизираат целиот пазар на злато во договор со познатиот политичар Бос Твид. Иако нивниот план не дал плод, терминот останал. Тричлениот тандем се обиде да поткупи неколку високи политичари и функционери, дури и одредени судии.

Но планот не им успеал, затоа што цената на златото паднала за неколку минути, а со тоа и многу инвеститори, поради што денот остана познат како „црн петок“.
Според други претпоставки и тврдења, терминот бил употребен речиси еден век претходно, ден по Денот на благодарноста, во средината на 1950-тите. Според телеграфската листа, во саботата по празникот требало да се одигра натпревар во Филаделфија во американскиот фудбал меѓу армијата и морнарицата. Главниот град на Пенсилванија бил во целосен колапс. Вистинска поплава од луѓе имало низ улиците на Филаделфија, кои пристигнале во градот за да го направат божиќниот шопинг и да ја гледаат најавената игра. Поради хаосот што настанал, полицијата имала полни раце работа во тие неколку дена, подоцна тој ден го прогласила за „црн петок“. Трговците од Филаделфија тогаш, многу брзо, почнале да го користат терминот за да опишат орди луѓе што ги полнат градските продавници.