На периферијата на главниот град на Виетнам постои комплексен систем на тунели што се протегаат повеќе од 193 километри, многумина веруваат дека тоа се најпространите тунели што некогаш биле создадени. Изградбата на тунелите траела повеќе од 20 години, а Виетнамците ги ископале со голи раце и мали алатки.

Во текот на Виетнамската војна, тунелите станале еден голем подземен град, во кој цивилното население се засолнило од американските бомбардирања. Тунелите биле опремени за живеење и служеле како база за одморање на северновиетнамските воени сили. Во некои делови, тунелите се толку мали што војниците морале да ползат за да ги поминат сложените премини.

Денес тунелите се проширени за туристите, меѓутоа движењето низ нив и понатаму е тешко. Тунелите во Кучи се сметаат за атракција што треба да биде видена од секој што го посетува Виетнам.