Тренинзите надвор во кое било време од годината, но особено за време на најтемните денови во годината, отклучуваат мноштво ментални и физички придобивки. Ви наведуваме четири причини зошто да се тренира на отворено оваа зима.
Подобро расположение: според Роберт Сток, психотерапевт од Калифорнија, трчањето надвор може да биде одличен противотров.
– Трчањето на дневна светлина создава ендорфин, што му дава радосно чувство и поголема енергија на тркачот – вели Сток.
Студија на универзитетот „Харвард“ и „Сиракуза“ од 2016 година покажа дека покачените нивоа на јаглерод диоксид, често присутни во затворени простории, може да имаат негативни ефекти врз когнитивната функција.
Зимското време го победи летното време: во зима се потите помалку и ќе бидете подобро хидрирани. Се чувствувате и поенергично. Вашето срце ќе работи побавно и постепено ќе можете да ги зголемувате километрите.
– Дишењето на ладен воздух ве буди и прави да се чувствувате живо – вели тренерот за трчање од Балтимор, Алисон Стејплс.

Се чувствувате моќно: кога првпат трчал на студ тркачот Морган Мекдоналд, кој е по потекло од Сиднеј, бил многу несигурен.
– Може да изгледа малку застрашувачки. Но штом ќе се навикнете, ќе ви биде драго што сте излегле – вели Мекдоналд.
Со тоа се согласува и професионалната тркачка и тренерка Бреана Сиерацки, која живее во Минесота и трча на која било температура.
– Треба да бидеш силен за да излезеш. Тоа ќе те направи поотпорен и подготвен да се справиш со што било – вели таа.
Ќе остварите вистински добивки: зимското трчање е за ментална цврстина. Ќе станете посилни и поподготвени да се справите со грубите точки од трчањето што доаѓаат напролет. Но тоа исто така носи и физички придобивки.
– Како што деновите стануваат пократки и температурите опаѓаат, направете план и излезете на трчање. Вашето расположение и вашето тело ќе ви се заблагодарат – вели Бреана Сиерацки.