Домување

Собните цвеќиња, како и сезонските летни цвеќиња што растат во саксии, одвреме-навреме може да заостанат во растот. Ако забележите дека лисјата на домашните растенија почнале да венеат и да ја губат својата боја, а цветните растенија одеднаш престануваат да бидат бујни, иако ја добиваат потребната исхрана, проблемот главно се крие во набиеното тло. За да го решите овој проблем, не мора да го пресадите цвеќето во поголеми саксии или да ја смените земјата. Сè што треба да направите е добро да пробуричкате во земјата, со обичен дрвен молив или дрвено стапче за кинеска храна, и така да го забрзате протокот на воздух.
Ако слушнете како пукаат корените на растенијата, тоа нека не ве залажува – само продолжете да поминувате низ земјата со молив или стапче. Кога на овој начин ќе ја истретирате почвата во саксијата, полејте го растението со мало количество вода со собна температура. Билката ќе ја апсорбира водата, а корените што ќе ги исечете при третирањето на почвата полека ќе закрепнат. Применувајте ја оваа постапка еднаш месечно. Ако растението сè уште стагнира, пресадете го во поголем сад и ставете му нова земја за растенија.