Нега и убавина

На сите жени што се шминкаат барем еднаш им се случило над и под окото да им остане црна трага од маскара. Со соодветна рутина во шминкањето и со мали трикови може да се спречи размачкувањето. По неколку часа носење маскара, како што кожата станува помрсна, но и поради трепкањето, над очите може да се појават мали црни линии, а на крајот на денот често мора да се отстранат црните дамки под очите.
Ставете камена пудра: откако ќе го исчистите и ќе го намачкате лицето со крем, со четка лесно нанесете пудра и нежно притиснете ја над и под очите, за да ги покриете капаците. Потоа направете уште еден потег по нанесувањето на течната пудра и сенката.
Матирајте го делот околу очите: најдобар начин да спречите маскарата да се пренесе на капаците е употребата на безбоен прав за фиксирање, совршен за делот околу очите. Тоа ќе ви помогне да го избегнете исцртувањето на маскарата, а може да се стави и на трепките.
Користете прајмер: иако нанесувањето прајмер околу очите може да изгледа како непотребен чекор во рутината на шминкањето, еднакво е важно како и за другите делови на лицето. Се препорачува да не се користи коректор или пудра, туку базичен прајмер, бидејќи дава совршена основа и, што е најважно, ја зацврстува шминката.