Под мотото „Македонија сака/има музика“, на 31 јули, 1 и 2 август, во Охрид ќе се одржи „Алармфест 2021“. Според организаторите, привршуваат подготовките за најголемата прослава на македонската музика во историјата на независна Македонија.
– Според сите показатели, во целата наша држава има огромен интерес за тридневниот музички празник. Од сабота до понеделник, македонската јавност ќе може да ужива во настапите на дел од најдобрите македонски музички артисти – велат организаторите.
На сцената ана СРЦ „Билјанини извори“ на 31 јули ќе настапат: групите „Ареа“, „Суперхикс“, Бени и „Нонстоп“, „ДНК“, Рис Флауер, „Бек дор бенд“ и „Кат ју нипл“. На 1 август ќе уживаме во настапите на. Галоски, Ампов, ЛД Пистолеро и Гоце Саф фит Ронин, Слаткаристика, Донплаја и Бон Праскиза енд Принцез диансти, Пајак и Мечкаров. На 2 август сцената ќе ја освојат „Леб и сол“, „Хардфејсд“, „Паркети“, „Луфтханса“, „Круел“ и „Бестмен Калст“.