Американска вокалистка Камил Слеџ вечерва ќе настапи во ноќниот клуб „Станица 26“, со почеток во 21 часот, во организација на „3Гонга“.

Настанот е всушност трибјут-концерт во чест на кралицата на соул музиката Арета Френклин.

Камил Слеџ е ќерка на Деби Слеџ, една од четирите сестри, музички икони на култната група од 1970-те години „Систер Слеџ“.

Камил го наследи талентот на својата мајка и во „Станица 26“ ќе нè води низ нејзините лични изведби и аранжмани на музичките клсици од Френклин, песни како што се „Respect“, „Chain of Fools“, „You Make Me Feel Like A Natural Woman“и многу други.

Билетите за овој настан се по цена од 800 денари.