Компанијата „Ди-си комикс“ го претстави и вториот официјален трејлер за „Вондер вомeн 1984“, откривајќи повеќе детали од филмот чија премиера требаше да биде во јуни годинава.
Главната улога во филмот ја игра Гал Гадот, покрај која се појавуваат и Крис Пине, Кристен Вииг, Педро Паскал, Робин Рајт и Кони Нилсен. Филмот е во режија на Пети Џенкинс.
Филмот првично требаше да биде прикажан во јуни, но беше одложен за 14 август поради пандемијата на коронавирусот, така што продуцентите на крајот одлучија дека 2 октомври е најдобрата опција за премиерата.
Продуцентите и режисерката се фокусирани на традиционална премиера во кината и не ја разгледуваат можноста за прикажување на филмот на стриминг-сервисите, пренесе „Верџ“.