Благодарение на модните ревии на водечки дизајнерски имиња, веќе постојат индикации за тоа какви ќе бидат трендовите за убавина што ќе доминираат во 2021 година.
Шминката оваа година беше во втор план поради пандемијата на коронавирусот и фактот дека сите поголемиот дел од своето време го поминуваа дома. Меѓутоа, ако им се верува на модните познавачи, во наредните месеци и понатаму сè ќе биде обележано со „бавната убавина“ и природниот изглед, но тоа не значи дека ќе вложуваме помалку напор во нашата рутина за убавина. Исто така, природните маски за лице ќе бидат во тренд во наредните месеци и фокусот ќе биде на нега на кожата.
Без разлика дали станува збор за таканаречените соуп-веѓи или оние со текстура, оваа година имаше неколку истакнати моменти во однос на веѓите, а ништо нема да биде различно ниту наредната година. Според експертите, веѓите ќе имаат уште поголем фокус, ќе станат поизразени и забележливи.
Фризурите со плетенки истовремено се и гламурозни и практични, а креативноста ретко се занемарува кога станува збор за нив. Тие може да бидат убаво украсени со бисери или со други додатоци за коса.
Ноктите што се шарени и вистински магнет за погледи се тренд што нѐ чека во наредните месеци. Маникирот со нацртани емотикони на ноктите исто така се покажа како популарен.
Она што е популарно кај ноктите се покажа и како многу популарно кога станува збор за шминкањето. Иако сѐ повеќе дами се наклонети кон природен изглед, се чини дека многумина минале време дома експериментирајќи со шминката, па затоа експериментирањето ќе биде популарно и наредната година.