Американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна војвотката од Сасекс Меган Маркл откако таа и принцот Хари ги повикаа Американците да гласаат во нивното учество во виртуелните разговори на „Тајм 100“, пренесува „Асошијетед прес“.

Маркл рекла дека на секои четири години за изборите се кажува оти се најважните избори во нашиот живот, но и дека „овие не се“.

– Кога гласаме, нашите вредности се спроведуваат во дело и нашите гласови се слушнати – истакнала Маркл.

Принцот Хари, пак, ги повика Американцит „да ги отфрлат говорот на омраза, дезинформациите и негативноста на социјалните мрежи“.

Двајцата не го спомнаа Трамп или неговиот противкандидат Џо Бајден, но некои ги толкуваа нивните обраќања како критика кон Трамп.

За време на прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп беше прашан во врска со видеото „Тајм 100“ каде се обраќаат Меган и Хари, со што новинарот сугерирал дека парот „во суштина ги охрабрувал луѓето да гласаат за Џо Бајден“.

– Јас не сум нејзин обожавател и би додал дека таа веројатно го има слушнато тоа, но му посакувам многу среќа на Хари. Ќе му треба – рекол Трамп.

Хари и Меган неодамна се преселија во новиот дом во Калифорнија откако објавија дека се откажуваат од кралските должности и се селат во Северна Америка, повикувајќи се на, како што тоа го опишаа, неподносливите напади и расистичките ставови на британските медиуми.

Ѕвездата на телевизиската серија „Костуми“, Меган Маркл, се омажи за принцот Хари, внукот на кралицата Елизабета Втора, во мај 2018 година. Тие заедно го имаат синот Арчи.