Компанијата „Тојота“ гради футуристички паметен град во Јапонија, кој ќе биде еден вид лабораторија за тестирање нови технологии. Во градот ќе се тестираат автомобили и роботи што управуваат самостојно, а ќе бидат напојувани од водород и сончева енергија
Ќе постојат три вида улици – едната ќе биде исклучиво за пешаци, другата ќе биде за велосипедисти и скутери, а третата за самоуправувачки автомобили.
За испорака на стоката ќе се користат роботски, автономни уреди. Објектите ќе бидат направени од дрво, за да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.
Сензори ќе го следат здравјето на жителите, а роботите ќе се користат за секојдневни активности.
Овој град се гради во близината на Токио, на местото на една стара фабрика. Меѓу првите 360 жители ќе бидат семејства и инвеститори во следните пет години. Планот е во него да живеат две илјади луѓе, објавија од Светскиот економски форум.