Дури и најдобрите режисери треба добро да се намачат за да создадат совршени околности за идеален филм. Авторите на овие филмови навистина завршиле одлична задача и успеале да се изборат за добар рејтинг.

Во прилог се 10 филма за преживувањето инспирирани од вистинити настани.

„Повратникот“ (2015 г.)
Жанр: авантура
Режија: Алехандро Инариту
Улоги: Леонардо ди Каприо, Том Харди, Вил Поулер
Филмот е базиран на романот „Повратникот: новела за одмаздата“ на Мајкл Панке од 2002 година, кој бил инспириран од вистинскиот Хју Глас.
Во 1823 година, Глас потпишал со компанијата за крзно „Роки Маунтин“ за експедиција по горниот тек на реката Мисури, која повеќепати го довела во животна опасност од Индијанците Арикара, безмилосните мечки гризли во дивината и пријателите што ветиле дека ќе го заштитуваат.

„127 часа“ (2010 г.)
Жанр: авантура, биографија, драма
Режија: Дени Бојл
Улоги: Џејмс Франко, Амбер Тамблин, Кејт Мера
Филмот „127 часа“ е вистинита приказна за неверојатната авантура на алпинистот Арон Ралстон (Џејмс Франко), кој се спасува себеси, откако еден паднат камен му ја згмечува раката и го заробува во еден изолиран кањон во Јута. Во следните пет дена Ралстон го преиспитува својот живот и преживува во природата, откривајќи дека има храброст и способност да стори сè за да се ослободи, да се искачи на 20-метарски ѕид и да пешачи 12 километри пред конечно да биде спасен.

„Патот назад“ (2010 г.)
Жанр: авантура, драма, историски филм
Режија: Питер Виар
Улоги: Џим Старџис, Ед Харис, Колин Фарел
Приказна за група бегалци што ги предводи Полјакот по име Јануш. Тие заедно бегаат од еден сибирски гулаг во 1940 година. Филмот го прикажува нивното пешачење долго 6.500 километри до Индија, преку Сибир, Монголија, пустината Гоби и Хималаите.

„Во дивината“ (2007 г.)
Жанр: авантура, биографија, драма
Режија: Шон Пен
Улоги: Емил Хирш, Винс Вон, Кетрин Кинер
Ова е вистинита приказна на Кристофер Мекендлс (Емил Хирш). Свежо дипломиран на колеџ со ветувачка иднина. Го напушта својот привилегиран живот и оди во дивината во потрага по авантура. Тоа што му се случува по патот го претвора овој млад скитник во симбол на издржливост за безброј луѓе.

„Спасување во мугрите“ (2006 г.)
Жанр: авантура, биографија, драма
Режија: Вернер Херцог
Улоги: Кристијан Бејл, Стив Жан, Џереми Дејвис
Бејл го глуми американскиот борбен пилот Дитер Денглер, кој треба да се бори за својот живот откако е застрелан на мисија за време на Виетнамската војна.

„Допирање на празнината“ (2003 г.)
Жанр: документарец, авантура, драма
Режија: Кевин Мекдоналд
Улоги: Симон Јејтс, Џо Симпсон, Брендан Маки…
Вистинска приказна направена според истоимената книга, која говори за искачувањето на двајца алпинисти на Сиула Гранде, врв на Андите. Џо Симпсон кај врвот ја крши ногата и Симон Јејтс е присилен да го остави за да преживее. Следните три дена Симпсон се бори за живот.

„Ограда против зајаци“ (2002 г.)
Жанр: авантура, биографија, драма
Режија: Филип Нојс
Улоги: Еверлин Сампи, Тијана Сансбери, Кенет Брана
Во 1931 година, три абориџински девојки избегале откако биле извлечени од своите домови за да бидат обучени како куќни помошнички. Филмот е за нивниот пат низ дивината.

„Совршена бура“ (2000 г.)
Жанр: акција, авантура, драма
Режија: Волфганг Петерсен
Улоги: Џорџ Клуни, Марк Волберг, Дајен Лејн
Во октомври 1991 година, во близината на Глостер, Масачусетс, шест члена на рибарскиот брод „Андреа Гејл“ одат на море на последно рибарење во сезоната. Тие не се свесни дека ги чека брутална бура… Рибарите се соочуваат со една од најразорните бури во 20 век.