Топлотниот бран што пред една недела собори рекорди на висока температура во пет европски земји пред една недела сега е над Гренланд и го забрзува топењето на мразот на островот, предизвикувајќи големи загуби на мраз на Арктикот.

Ледената плоча на Гренланд која покажува знаци на топење расте секојдневно и достигна рекордни 56,5 проценти за оваа година во средата, соопшти данскиот метеоролошки институт, пренесе „АП“.

Топењето се должи на доаѓањето на топлиот воздух од Северна Африка и Шпанија што дојде до европските градови минатата недела, поставувајќи национални рекорди за температурите во Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Велика Британија.

Иако температурите на Гренланд ќе се спуштат до крајот на оваа недела, топењето веројатно нема наскоро да престане, додаде агенцијата.

Гренланд, најголемиот остров во светот, е полу-автономна данска територија помеѓу Атлантикот и Арктичкиот Океан, со 82 проценти од површината покриена со мраз.